| четврток, 6 декември 2018 |

Коцијанчич: Целта на состанокот е да се стави крај на политичката криза во Македонија

маја

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, попладнево на прес-конференција порача дека целта на Европската унија е да се најде решение за политичката криза во Македонија и дека напорите на официјален Брисел одат во таа насока, јави дописникот на МИА од Брисел.

На прашањето да каже како се одвиваат преговорите, кои половина час пред пладне започнаа во зградата „Берлемонт и која е целта на неформалната Влада на ЕУ, која преку комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, но и со европратеникот Иво Вајгл олеснува во овие преговори, Коцијанчич со одговор: – Како што е познато, ова не е прв состанок на политичките лидери од Македонија со комесарот Хан, туку продолжување на состаноците што се одржаа претходно, а последниот беше мината недела во Скопје, каде Хан кажа дека бројни прашања се дискутирани, но дека многу треба и понатмау да се разгледаат. Состанокот се одвива и засега не можам да давам детали. Но, пошироко, нашата цел е да се најде решение за политичката криза во Македонија и нашите напори одат во оваа насока – децидна беше Коцијанчич.

Според портпаролката на Еврокомисијата, состанокот на Хан со лидерите на четирите најголеми политички партии започнаа во 11:37 часот и планирано е да продолжи до попладне, при што прес-службата на ЕК ќе информира за детали од разговорите. На овој состанок, со Хан и Вајгл, уште од старт присуствуваат и Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ). По првичниот заеднички состанок, се планира, како што вчера беше најавено, но по обратен редослед, комесарот Хан да има издвоени средби со Груевски и Заев, па на крајот сите повторно да имаат заеднички ручек и состанок со цел да се договорат за ставање крај на политичката криза во Македонија и одржвање на предвремени парламентарни избори најдоцна до крајот на април идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top