Само за еден ден повеќе од 1000 имигранти влегле нелегално во Грција, од море, со што вкупниот број имигранти во изминатите пет месеци е зголемен на околу 50.000. Со тоа е надмината бројката од имигрантите кои влегле во Грција во текот на цела 2014 година, соопштија грчките власти.
Со ваквите бројки, Грција се приближува до Италија, според бројот на имигранти, кои стасаа оваа година, пренесува Танјуг.
Крајбрежната стража соопшти дека вчера разно изутрина спасени се 670 лица на истокот на Егејското Море и јужно од Крит, каде во мал чамец се пронајдени 263 имигранти. Уште 361 имигрант е пронајден на островот Лезбос.
Преку Средоземното Море, оваа година до Европа појдоа повеќе од 100.000 лица, од кои 2.000 починаа или исчезнаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција