| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Свита“ во кино „Милениум“

В четврток, во скопското кино „Милениум“ е закажана премиерата на филмот „Свита“ (Entourage), во 20 часот.
unnamed
По огромниот успех на серијата што го следи животот на „екипата“ која живее „на грбот“ на филмската ѕвезда Винсент Чејс, логична продукциска одлука беше долгометражен филм, а резултатот од реализацијата на целовечерната филмска продукција е веќе забележителен на кино-благајните во Соединетите Американски Држави.
„Свита“ е во режија на креаторот на серијата Даг Елин, а во главните улоги се Адријан Грениер, Кевин Коноли, Џефри Ферера.
Покрај премиерата на „Свита“, на репертоарот на киното се уште игра македонскиот „Каде се парите“,  холивудските хитови „Сан Андреас“, „Лудиот Макс: Пат на бесот“, а и оваа недела, на 14 јуни публиката ќе има можност да го погледне турскиот филм „Пролетно патување’.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top