Леброн Џејмс продолжи да игра во импресивен стил и со 40 поени го предводеше Кливленд кавалирс до предност од 2-1 против Голден стејт вориорс во финалето од НБА лигата.
Кливленд славеше со 96-91 на првиот меч пред својата публика, а Леброн имаше ефект од 40+20. Со 40 поени тој беше најефикасен на мечот, а патем прокнижи 12 скока и 8 асистенции. Ол-раунд кошаркарот на Кливленд постави и нов рекорд во финалињата на НБА лигата со 123 поени на првите три натпревари. Досега ниту еден играч во најсилната лига на светот нема таков ефект.
Со Џејмс, клуч на успехот за Кливленд беше одличната партија и на Метју Делаведова со 20 поени и пет скока, додека кај Голден стејт единствено расположен за игра беше Стеф Кари со 27 поени, шест скока и шест асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.