| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајката во Куманово загинаа 17 и 18-годишни момчиња

Трите момчиња кои загинаа денеска попладне во сообраќајната несреќа во Куманово се на возраст од 17 и 18 години. Од СВР-Куманово соопштија дека во несреќата загинале Ваљон М. (17) од Куманово, Егзон Ш. (17) од Куманово и Исуф А. (18) од Липково.

115000424000_10205294870943

Во автомобилот имало четири лица од кои двајцата починале на местото на несреќата, а едниот на пат кон болницата. Четвриот патник е во кумановската болница. Има повреди и скршеници по целото тело.

Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот. Автомобилот кога излетал од мостот, слетувал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово за среќа поминал со лесни телесни повреди.

фотографијата е од ѕидот на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top