| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 320.000 жртви од почетокот на војната во Сирија

сирија

Во судирите во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на Башар ал Асад пред четири години, досега животот го загубиле повеќе од 320.000 лица, меѓу кои 11.500 деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

– Регистрирани се 230.618 мртви од почетокот на бунтот против режимот на Башар ал Асад во март 2011 година- изјави директорот на организацијата Рами Абдел Рахман.

Има загинати 69.494 цивили, од кои 11.493 деца. Таа организацијатврди дека има и 90.000 загинати лица за кои немаат податоци од каде се.

На страната на владините сили Сириската опсерваторија за човекови права регистрира 49.106 мртви војници, 32.533 полицајци од Силите за национална одбрана, 838 припадници на либански шиитски Хезболах и 3.093 шиитски милиции од други држави.

Непозната е судбината на 30.000 исчезнати во режимските затвори или при киднапирање од страна на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top