| четврток, 6 декември 2018 |

„Бекстејџ“ има нова водителка (ФОТО)

 

Тимот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ е освежен со ново име и лик. На позицијата водителка на Миа Костова ќе ѝ се придружи Мартина Михајловска.

Убавата црнокоса е активна како модел во модната агенција „Црнокрак“ последната една и пол година.

Со ваквиот чекор, тимот на „Бекстејџ“ останува верен да идејата – убави жени да ги возат гледачите низ светот на забавните информации, велат од нивната екипа.

Martina-2-443x650

– Задоволство е да се вклучиш во тим каде владеат жените, посебно затоа што важат за исклучително лојални соработници. Со оглед на тоа што „Бекстејџ“ е успешна приказна веќе седум години, сигурна сум дека стапнувам на проверен и искусен терен – изјави Мартина Михајловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top