| четврток, 6 декември 2018 |

Еврозоната предлага пакет од 19 милијарди евра за Грција до март 2016 година, но Атина го одбива

грција

Еврозоната предлага пакет од 19 милијарди евра за Грција доколку актуелната спасувачка програма, што завршува на крајот на јуни, се продолжи до март 2016 година. Атина, меѓутоа, одбива да го прифати пакетот заради разликите со монетарната унија, информира грчкиот сајт њуз ин.

Разликите се дијаметрално спротивни и се сведуваат на тоа дека грчката Влада се стреми да обезбеди „конечно решение“ на проблемот, што значи на среднорочен план, а не за неколку месеци, потоа да добие гаранции дека програмата ќе биде финансиски обезбедена, и дека долгот на земјата ќе биде преструктуриран и вметнат во процесот на одржливост.

Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека оддолжувањето на програмата само по себе не го дава решението на проблемот со покажаната финансиска дупка за Грција, што всушност и ја објаснува причината зошто Атина не го прифаќа предлогот на кредиторите за оддолжување на програмата до март 2016 година, забележа грчкиот електронски весник.

Предлогот за пакет од 19 милијарди евра се појавува на одгласите за навестувачките дополнителни финансиски потреби пред кои Грција ќе биде исправена и дека земјата нема да може да ги покрие со транша од 7,2 милијарди евра, кои таа ги договара со меѓународните кредитори.

Според извештајот на Организацијата за управување со државниот долг и на ревизорите, финансиската дупка на Грција до март 2016 година се калкулира дека ќе  изнесува 15 милијарди евра.

Од овие причини Еврозоната размислува да го промени користењето на 10,9 милијарди евра, кои се држат од Европскиот стабилизациски фонд и се наменети за грчките банки, тие да бидат пренасочени за покривање на буџетските потреби Грција,

Освен овие средства, се предвидува да се пренасочат уште приближно девет милијарди евра, така што сумата на предложениот пакет се очекува да изнесува на 19,1 милијарди евра.

Грчкиот весник уште тврди дека ММФ, исто така, бил согласен со изработката на таква европска програма за Грција до март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top