СВР Штип-ПС Делчево поднесе кривична пријава против Џ.Б.(26) од Делчево поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело кражба и кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Пријавената на 29 март, во домот на пријателка во Делчево ,користејќи згодна прилика од нејзиниот паричник одзела електронска дебитна картичка и од банкомат повлекла 24.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



