| четврток, 6 декември 2018 |

Саша Каун објави крај на кариерата!

Првиот центар на рускиот шампион и на еден од најдобрите тимови во Европа, ЦСКА Москва, Саша Каун, објави крај на кариерата иако има само 30 години.
По вчерашниот триумф на „армејците“ во финалната серија од ВТБ-лигата против Химки, што значеше и шампионска титула трета година по ред, Каун изненадувачки објави дека става крај на неговата богата кариера.

– Ја завршив професионалната кариера, оваа сезона за мене беше последна – изјави Саша Каун.

Рускиот центар беше НЦАА шампион со универзитетот Канзас во 2008 година, а Сиетл истата година го избра како 56. пик на драфтот. Но, Саша Каун одлучи да се врати во Европа и во изминатите седум сезони го носеше дресот на ЦСКА Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top