Царинската управа и Граничната полиција денеска ќе добијат донација од САД што е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).
Опремата, во вредност од 212 илјади американски долари, се состои од рендгенски систем за преглед, уреди за откривање радијација, опрема за попречување нелегални активности, рачни светилки, лисици, литиумски батерии, и термална камера за надзор.
Донацијата ќе помогне во зајакнување на способноста на македонската Гранична полиција и на Царинската управа за вршење на професионална гранична контрола и за изведување активности на граничните премини.
На настанот најавено е присуство на заменик шефот на мисијата на САД, Барт Путни, директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска, раководителот на Граничната полиција, Маринко Кочовски и регионалниот советник на (EXBS), Џорџ Кларк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Глобите за царински прекршоци се намалуваат за 75 отсто
-
При влез во Македонија можеш да внесеш стоки до 350 евра, литар алкохол, 200 цигари и еден парфем
-
Запленети 1,5 милиони евра во автомобил во Драч