| четврток, 6 декември 2018 |

Емилија Розман замина во Кипар на „Мис Фешн ТВ“

emilija rozman

Македонскиот топ-модел Емилија Розман замина во Кипар, каде до 17 јуни ќе се избира „Мис Фешн Тв“.

Дваесетитри годишната Розман во предизборниот гласачки систем преку интернет влезе во топ 5, а конечниот избор и место ќе го има по гласањето на специјалното жири кое ќе биде составено од познати и креатори и модели, чиј претседател ќе биде сопственикот на Fashion Tv (FTV), Мишел Адамс.

Најубавата ќе потпише договор со Фешн Тв, а другите три ќе бидат наградени со летување на Бали. На изборот ќе учествуваат 29 топ-модели од целиот свет.

Емилија Розман оди на овој настан преку модната агенција „Пантермоделс“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top