Четири лица се повредени при голем пожар што избувна попладнево во нафтено скалдиште во близина на украинскиот главен град Киев, јавија руските медиуми.
Четворицата повредни работници се пренесени в болница и се наоѓаат во критична состојба.
Огнот избуванал во еден од резервоарите со нафта и потоа се проширил на уште три други. Претставници на базата соопштија дека има опасност од експлозија.
Во гаснењето на големиот пожар се вклучени 90 пожарникари со 20 противпожарни возила.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.