| четврток, 6 декември 2018 |

Незадоволен од решение предизвикал пожар во ХЗЗО во Сплит

позар

Хрватската полиција уапси маж кој денеска предизвика пожар во зградата на Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) во Сплит, при што изгореа околу 100 метри квадратни канцелариски простор, но нема повредени лица, јави Хрватската радиотелевизија.

Уапсениот (40) наводно бил незадоволен од решението што го добил од Заводот.

Тој во една од канцелариите фрлил молотов коктел кој предизвикал пожар. Огнот се проширил и на другите делови од објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top