| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број пратенички во новиот турски парламент

парламент

Во новиот состав на турскиот парламент беа избрани 96 жени од вкупно 550 пратеници, што е рекорд за таа држава.

Партијата на правдата и развојот која е на власт од 2002 година, ќе има 41 пратеничка, повеќето кои носат шамии.

Опозициската Народнорепубликанска партија доби 132 места и ќе има 20 пратенички, а Партијата на национална акција ќе има четири жени меѓу своите 80 пратеници.

Прокурдската Демократска партија испраќа во парламентот 31 жена од вкупно 80 народни избраници. Во досегашниот состав на парламентот имаше 79 жени и само една во владата.

Според феминистички асоцијации положбата на жените во Турција се влошило откако на власт е партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top