Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите.
Попладнево во тревникот кај КБ Првото пензиско друштво, веднаш спроти зградата на Владата, се појави покок, долг околу 50 см, кој веднаш беше уловен.
Поскокот е најотровната змија во Македонија. Наездата на змии досега испрати петмина граѓани на инфективна.
Се препорачува да се избегнуваат повисоки треви и да се внимава каде се гази.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.