| четврток, 6 декември 2018 |

Маскирани со стап претепале старец на спиење

maskirani so stap
Три маскирани лица вчера нападнале старец кој живее сам во кумановското село Матејче.
МВР јави дека вчеравечер, додека спиел во својот дом во кумановско Матејче, 70-годишниот Н.А. слушнал тропање.
Пред да успее да стане, три маскирани лице го скршиле прозорецот и влегле во собата. Тие му фрлиле ќебе врз главата и почнале да го удираат со секира и стап по главата и телото.
Откако го нападнале, тие му одземале 3.600 денари и побегнале.
На повредениот му е укажана помош и е задржан на лекување во медицинскиот центар во Куманово, а полицијата трага по разбојниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top