| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите се бомба од народот за Заев

Заев тоа го знае, веројатно прави и анкети на кои гледа какво е расположението на народот, и сигурно ја чувствува атмосферата во јавноста, знае дека изборите ќе бидат наслината бомба која ќе ја распарчи неговата покитичка кариера и затоа бега од нив

Најголемата бомба која ќе му ја испорача народот на Зоран Заев се изборите. Граѓаните демократски, на единствениот демократски начин кој постои и кој е прифатен секаде во светот, а тоа се изборите, ќе му го испорачаат поразот како логичен одговор за сите застои кои Заев ги предизвика во државата, за сите малтретирања кои тој ги приреди и обидите за закрвување на Македонците, на предизвикување тензии. Народот не може да му заборави што Заев заради единствено свои лукративни цели си поигра со имиџот на Македонија.

Во ситуација кога цел свет предвидува прогноза за највисок економски раст во Европа на нашатата земја и кога се отвораат нови работни места и интензивно и обемно се инвестира во автопати, училишта, болници, кога се даваат највисоки субвенции за земјоделците, потезите на Заев на еден нелегитимен и крајно неморален нацин тоа да го укочи и запре, па и да го уназади, наидуваат на жестока народна реакција која ќе се ефектуира на изборите каде што Заев ќе изгуби повторно убедливо.

Заев тоа го знае, веројатно прави и анкети на кои гледа какво е расположението на народот, и сигурно ја чувствува атмосферата во јавноста, знае дека изборите ќе бидат наслината бомба која ќе ја распарчи неговата покитичка кариера и затоа бега од нив.

Бега очајно и по секоја цена. Смислува алиби кои се поскандалозни и од неговото скандалозно однесување. Еуфорија која се демантира во само неколку часа, однесување во стилот на калимеро, чести промени во ставовите се само дел од фактите кои ја покажуваат конфузноста и деозриентираноста на опозиционата партија. И сето тоа е резултат на немањето поддршка од народот.

Покрај немањето поддршка во народот, Заев се соочува и со уште еден сериозен проблем а тоа е се помалата доверба и помеѓу членството и поддржувачите на СДСМ. За еден значителен дел од СДСМ, особено во базата се тотално неприфатливи идеите на Заев за учење албански од градинка, за федерализација на држвата и откажување од идентитетските прашања во разговорите со Грција. Тоа членството на СДСМ не може да го проголта, не може да се согласи со такви ставови, вели извор од „Бихаќка“.

Овие сигнали кои се реални говорат и дека Заев не само што не успеа да го прошири своето гласачко тело, туку се соочува со обратен процес, а тоа е опасност да загуби и дел од постоечкото гласачко тело токму поради неговите катастрифални проценки и непотребни и од никого побарани срамни додворувања кои се директно на штета на македонските интереси.

Затоа Заев бега од избори. Тој знае дека тие избори ќе бидат крај на неговата политичка кариера на секое ниво. Секојдневните настапи на Заев и Сорос кои се полни со жолчност и гнев се единствено во функција на создавање на подлога за изигрување на договорот за изборите заради основниот страв дека поразот кој СДСМ ќе го доживее на тие избори од страна на граѓаните ќе биде најсилната политичка бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top