| четврток, 6 декември 2018 |

Почна обештетувањето на погодените од поплавите во битолско

И инфраструктурата која што беше погодена во битолско ќе биде санирана, системите за наводнување, браните, примарните и секундарните канали за наводнување исто така да бидат санирани

На 5 јуни започна стоотстотното обештетување на земјоделците чии земјоделски посеви беа поплавени и уништени. Заменик министерот за земјоделство и шумарство Ванчо Костадиновски оствари средба со градоначалникот на општина Могила Стево Пивковски и со жителите на општина на кои во текот на јануари и февруари им беа погодени домовите и земјоделските површини. Според Комисијата за проценка на штети општина Могила е општина која што најмногу беше погодена од поплавите и тоа во два наврати. Земјоделците се задоволни од исплатените парични средства.

poplavi pelagonija 2

-Она што беше наша интенција уште на самиот почеток кога се соочивме и ние со маката на зејоделците од битолско посебно од Могила е тоа што луѓето кои што вложиле средства и очекуваа од пролетната реколта беа погодени и се им беше уништено, ние имавме разбирање и сите се мобилизиравме во Владата на Р. Македонија да обезбедиме средства, да договориме начин на обештетување и овозможување на одередни средства кои што ќе значат поттик за земјоделците кои што ќе можат повторно да инвестираат во обработка на своите површини и да можат да очекуваат нов принос, истакна замник- министерот Костадиновски.

И инфраструктурата која што беше погодена во битолско ќе биде санирана, системите за наводнување, браните, примарните и секундарните канали за наводнување исто така да бидат санирани.

-Имаше големи проблеми, посебно Могила, но еве Владата најде сериозен пристап за вакви елементарни непогоди да излезе во пресрет и да ги решаваме сите проблеми ефикасно. Проблемите ги решаваме во тек, имаме доплнителни работи кои што треба да ги допрецизираме, истакна градоначалникот Пивковски.

На 120 од погодените семејства веќе им се исплатени финанските средтва за обештетување од поплавите. Жителите на Могила се задоволни од оваа мерка на Министерството за земјоделство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top