На сцената на Театар Комедија вечерва од 20 часот ќе се одигра 50-та изведба на претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов. Текстот на Марк Камолети веќе е влезен во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.
Претставата „Стјуардеси“ е втората претстава од реператоарот на Театар Комедија кој ја има доживеано својата 50-та изведба. Првата е „Ах љубов моја“ која својата 50-та изведба ја имаше на втори ноември минатата година.
„Стјуардеси“ премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 16.000 гледачи.
Оардесива е најпродаваната претстава во Република Македонија за 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.