| четврток, 6 декември 2018 |

Руските клиенти на „Дојче банка“ под истрага за перење пари?

„Дојче банка“ (Deutsche Bank) спроведува внатрешна истрага за потенцијално перење пари од страна на руските клиенти, што би можело да станува збор за трансакции вредни околу шест милијарди долари во изминатите четири години, јавува агенцијата „Блумберг“.

Deutsche-bank

Централната банка на Русија во октомври минатата година и се обрати на „Дојче банка“ со барање да ги истражи берзанските активности на одделни руски клиенти, изјави еден од неименуваните извори.

Како што наведува „Блумберг“, германската банка анализирала податоци од 2011 до почетокот на 2015 година, по што за резултатите од истрагата ја известила Управата за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), Европската централна банка и германскиот регулатор Бафин, вели изворот.

„Посветени сме му на учеството во меѓународните напори за детектирање и борба против сомнителните активности и преземавме моќни акции таму каде што воочивме недолично однесување“, се наведува во соопштението на „Дојче банка“.

По објавувањето на ова соопштение, акциите на „Дојче банка“ на Франкфуртската берза се намалија за 1,3 проценти, на 27,54 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top