| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ формира центар за вештачка интелигенција

Американската компанија „Фејсбук“ најави формирање на нов центар специјализиран за истражувања во областа на вештачката интелигенција во Париз, прв таков надвор од САД.

Францускиот тим што ќе биде вклучен во програмата „Фејсбук Артифишл Интелиџенс Рисрч“ на американската социјална мрежа, ќе работи на долгорочни програми, што првенствено се однесуваат на препознавање фотографии или автоматска обработка на јазикот.

– Го одбравме Париз за овој проект, бидејќи Франција ги има некои од најдобрите истражувачи во светот, се наведува во соопштението на Фејсбук.

Останатите два истражувачки центри на Фејсбук за вештачка интелигенција се наоѓаат во Менло парк, во Калифорнија и Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top