Терористичката група Исламска држава веќе користела бомби со хлор при напади во Ирак и сега се обидува да произведе хемиско оружје, изјави австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп.
– Употребата на хлор и обидите за врбување на вискоквалификувани експерти, меѓу кои и од Западот, се докази за сериозните обиди (на ИД) за производство на хемиско оружје, изјави Бишоп во обраќање пред членовите на група која се бори против ширењето на хемиското, бактериолошкото и токсичното оружје.
Како што јави ТАСС, Бишоп нагласи дека појавата на терористички групи, како што е Исламската држава, се главните современи закани за глобалната безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро