| четврток, 6 декември 2018 |

Во бизарна несреќа со трактор, загина 21-годишно момче

traktor1-500

Вчера околу 13,30 часот на планината Огражден на местото викано „Киселица“, Дарко Т.(21) од Делчево, управувајќи трактор, со сопатник 16-годишно момче од с.Василево, движејќи се по шумски пат во еден момент предното лево тркало им излегло од лежиштето.

Откако стапиле во контакт со сопственикот на тракторот, тој им посочил да го остават тракторот и да тргнат пеш за „Палазлија“ од каде ќе ги земел со возило.

Истите откако не го послушале сопственикот со тракторот продолжиле со движење на три тркала при што околу 14.00 часот кај местото викано „Лакита“ изгубиле контрола, по што тракторот се превртел и Дарко Т. бил пригмечен од кабината во пределот на градниот кош, и починал на местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и екипа на СВР-Струмица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top