| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на митинг во Турција

Injured people get first aid after an explosion during an election rally of pro-Kurdish Peoples' Democratic Party (HDP) in Diyarbakir, TurkeyНајмалку десет лица се повредени денеска во експлозија за време на предизборен митинг на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) во Дијарбекир, во Југоисточна Турција.  По експлозијата турската полиција употребила водени топови за растурање на демонстрантите.

Според организаторите на митингот експлозијата била предизвикана најверојатно од краток спој на електрична инсталација.  Повредените се пренесени во неколку болници во градот.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу подоцна изјави дека не е јасно дали експлозијата на предизборниот митинг на прокурдската ДПН во градот Дијарбекир е организиран напад или инцидент. Давутоглу, кој учествуваше на митинг во југоисточниот град Газиантеп, изјави дека е против секаков вид на насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top