Украинските сили претрпеа значителни загуби во борбите во близина на Мариинка. Според наши проценки тие загубиле околу 400 лица, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Александар Захарченко. Toj ги демантираше тврдењата на властите во Киев, дека се ослободени Мариинка и дека се заробени голем број бунтовници.
-Понекогаш посакуваното се претставува како реално. Ги задржавме сите позиции во Мариинка, се наоѓаме во неговиот центар. Верувам, дека не сме го прекршиле договорот од Минск- истакна Захарченко.
Претходно украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека вооружените сили на земјата го ослободиле градот Мариинка и заробиле 12 лица, вклучително руски граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина