| четврток, 6 декември 2018 |

Цените на угостителските услуги во мај на исто ниво како априлските

услуги

Цените на угостителските услуги во мај се на истото ниво како и во април, а зголемување за 0,6 проценти се бележи во споредба со мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување има во групата алкохолни пијалоци за 0,1 процент.

Во периодот јануари – мај цените на угостителските услуги се зголемени за 0,4 проценти во споредба со истиот период лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top