| четврток, 6 декември 2018 |

Харпер: Додека Путин е претседател, Г7 без Русија

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека на Русија не би требало да ѝ се дозволи да се врати во Г7 сѐ додека на чело на руската држава е Владимир Путин, пренесе МИА.

Харпер истакна дека очекува оти Г7 веќе никогаш нема да му дозволи на Путин да се врати во таа група.

Тој  го изјави ова во пресрет на неговата посета на Украина и заминувањето на состанокот на Г7 во Германија.

Канадскиот премиер додаде дека Русија веќе подолго време со своите постапки прави нејзиното учество во gрупата седум индустриски најбогати земји да нема основа.

Според него, невозможно е да дојде до постигнување консензус во Г7 во однос на прашањето за враќање на Русија во таа организација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top