На две полуфинални вечери настапуваа по 15 изведувачи, од кои вкупно осумнаесет вечерва ќе настапат на финалето на 30. по ред издание на „Макфест“.
За тоа кој оди понатаму одлучуваше стручно жири, чии гласови изнесуваа 70% од вкупните поени и публиката, чии телефонски гласови изнесуваа 30% од вкупните поени за изведувачите.
Првата поуфинална вечер не беше баш среќна за Влатко Илиевски, чие „Последно танго“ не му донесе ни еден глас ни од публиката, ни од жирито. Нула поени доби и Дејан Тасев. Со само еден поен од телефонското гласање остана Димитар Андоновски.
Вчеравечер, пак, дури три настапи не беа наградени со ниеден поен: Александра Михова, Маријан Стојановски и „Браво бенд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.