Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд кој локално ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер.
Нестабилноста повторно се очекува да биде најизразена во југоисточните делови, каде што локално денеска и утре ќе наврнат околу 30 литри на квадратен метар воден талог.
Дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а во Скопје до 14 степени.
Во следните три дена времето ќе биде променливо облачно, ќе има и локални врнежи, но со послаб интензитет, а преку денот ќе има и сончеви периоди. Температурата ќе биде без поголеми промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


