Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имал телеконфренција со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, на која ги информирал дека Грција не го профаќа предлог-договорот што го доставија нејзините кредитори, соопштија грчки влади извори.
Грчките медиуми јавуваат дека целата конференција поминала во „конструктивен дух“.
– Предлогот на кредиторите не може да биде основа за договор, бидејќи не ја одразува процедурата по кој се преговараше во последниве месеци во Брисел, дополнија владините извори во Атина.
Според нив, за разлика од овој, предлогот што го доставила грчката Влада ги содржел елементите што двете страни ги усогласиле во текот на преговорите.
Одбивањето на Ципрас да го прифати предлогот на кредиторите доаѓа во пресерет на денешна дебата во грчкиот Парламент посветена на преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.