Врховната влада на Украина денеска го одобри предлог законот за измени на законот За процедурите на дозволување и условите за престој на единици на вооружени сили на други држави на територијата на Украина.
За поддршка на измените во законот гласаа 240 пратеници од неопходните 226 гласа. „Реализацијата на предлог законот ќе ги создаде неопходните услови за меѓународни операции за поддршка на мирот и безбедноста на територијата на Украина“, се наведува во образложението на законот.
Предлог законот предвидува можности за спроведување мировни операции врз основа на одлука на ОН и/или ЕУ. Во законот, исто така, се предвидува забрана за престојот на територијата на земјата на воени единици од држави кои преземаат вооружена агресија против Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина