Можеби е изненадување што разговаравме како пријатели, но соседите немаат друг избор освен да бидат добри пријатели, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, заблагодарувајќи се на топлиот прием и искрениот разговор од страна на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Двајцата министри изрзиле поддршка и оптимизам за разговорите и постигнатиот договор меѓу македонските политички партии на средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Тема на разговор бил и проблемот што Атина го има со нашето уставно име, но и развојот на билатералните односи во правец на поддршка на инвестиците и на економската и социјална соработка.
– Денеска дискутиравме и за тоа дека проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е нешто што очекуваме да донесе одржлив мир и стабилност во регионот. Солунската агенда, заклучоците на министрите и денешната изјава на министерот за надворешни работи даваат јасна порака дека има надеж за евроатлантскиот пат на мојата земја и на регионот – истакна Бесими на заедничката прес-конференција.
Коѕиас информира дека кон крајот на месецов ќе допатува во Македонија каде што ќе бидат продолжени денешните дискусии. Во следните неколку денови пак, нашата земја ќе ја посети и политичкиот директор на грчкото Министерство за надворешни работи, со цел разговарање за мерките за градање доверба.
– После три состаноци во Будимпешта, Рига и Анталија со мојот колега, министерот за надворешни работи на соседната земја, секој од нас состави листа на предлози и видовме дека на еден или друг начин, голем дел од мерките се совпаѓаат – изјави Коѕиас.
За некои прашања од мерките за градење доверба, побарана е и асистенција од еврокомесарот Хан и од Европската Комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст