| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Бисими – Коѕиас во Атина: Соседите да бидат добри пријатели

Можеби е изненадување што разговаравме како пријатели, но соседите немаат друг избор освен да бидат добри пријатели, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, заблагодарувајќи се на топлиот прием и искрениот разговор од  страна на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

kotzias_i_besimi_prototema-650x396

 

Двајцата министри изрзиле поддршка и оптимизам за разговорите и постигнатиот договор меѓу македонските политички партии на средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Тема на разговор бил и проблемот што Атина го има со нашето уставно име, но и развојот на билатералните односи во правец на поддршка на инвестиците и на економската и социјална соработка.

– Денеска дискутиравме и за тоа дека проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е нешто што очекуваме да донесе одржлив мир и стабилност во регионот. Солунската агенда, заклучоците на министрите и денешната изјава на министерот за надворешни работи даваат јасна порака дека има надеж за евроатлантскиот пат на мојата земја и на регионот – истакна Бесими на заедничката прес-конференција.

Коѕиас информира дека кон крајот на месецов ќе допатува во Македонија каде што ќе бидат продолжени денешните дискусии. Во следните неколку денови пак, нашата земја ќе ја посети и политичкиот директор  на грчкото Министерство за надворешни работи, со цел разговарање за мерките за градање доверба.

–  После три состаноци во Будимпешта, Рига и Анталија со мојот колега, министерот за надворешни работи на соседната земја, секој од нас состави листа на предлози и видовме дека на еден или друг начин, голем дел од мерките се совпаѓаат – изјави Коѕиас.

 За некои прашања од мерките за градење доверба, побарана е и асистенција од еврокомесарот Хан и од Европската Комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top