Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез, веднаш по преземањето на функцијата имал состанок со претседателот на клубот, Флорентино Перез, на кој е разговарано за новите засилувања за „кралскиот клуб“ за следната сезона.
Тој го шокирал Перез со барањето да му го доведе во клубот дефанзивецот на Арсенал, Лорен Кошчиелни.
Познато е дека Бенитез ќе има на располагање повеќе од 150 милиони евра за нови играчи, но тој инсистирал Реал Мадрид да потпише токму со Кошчиелни.
– Претседателе, сакам да го доведете Рахим Стерлинг. Би било одлично доколку успееме да го добиеме и Пол Погба. Токму таков играч ни е потребен во средниот ред. Но, ве молам да го донесете Кошчиелни од Арсенал. Тој во моментот ми е најпотребен – му рекол Бенитез на Перез, а пренесува „Франс фудбал“.
Флорентино Перез е познат по тоа што ги има направено најголемите трансфери во фудбалот, и тоа сите за Реал Мадрид. Во првиот негов мандат тој успеа да ги доведе Фиго, Зидан, Бекам, Роналдо, додека во вториот ги потпиша Кристијано Роналдо и Герет Бејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)