| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија уапсени 44 лица осомничени за корупција

кара

Италијанската полиција денеска упаси 44 лица осомничени дека се дел од мрежата корумпирани политичари и деловни луѓе, кои „местеле“ тендери со цел да добијат овластувања за управување на центрите за прием на емигранти во Италија.

Апсењата се случија по минатогодишното разоткривање на синџирот на корупција во локалната власт на Рим, наречен „Мафијски капитал“, што го натера Градското собрание да ја повика Националната управа за борба против корупција да го истражи списокот на сомнителни договори.

Римската полиција објави дека е издаден налог за приведување на уште 21 лице во областа околу Рим, Аквила во централна Италија, како и во Катанија и Ени на Сицилија.

Отворањето приемни центри за емигранти е мошне исплатлив бизнис за бескруполозните оператори, особено со оглед на интензивирање на кризата во оваа област и пристигнување на сѐ повеќе емигранти во Италија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top