При слетувањето на сараевскиот аеродром синоќа на авионот на Туркиш ерлајнс му пукнале двете задни гуми, пренесуваат босанските медиуми.
Авионот летал од Истанбул на редовната линија во 19.10 часот, а за време на слетувањето завладеала паника помеѓу патниците.
-Авионот слета безбедно на сараевскиот аеродорм, никој од батниците не е повреден. Сеуште се работи на замена на гумите за авионот да може да се врати назад во Истанбул- потврди стручната соработничка за односи со јавност на Меѓународниот аеродром Сараево Белма Ќурековиќ за босанските медиуми.
Овој инцидент не влијаеше на останатите редовни летови на сараевскиот аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.