Министерот за спорт на Јужна Африка Фикиле Мбалула изјави дека неговата земја уплатила 10 милиони долари на сметката ФИФА пред Светското првенство 2010 година, но негира дека поткупила некого.
Поранешниот член на ФИФА Џон Ворнер изјави дека Јужна Африка уплатила пари на сметката на ФИФА со цел да ја добие организацијата за Светското првенство 2010 година. Сепак министерот Мбалула негира такво нешто и вели дека тие пари се донација за изградаба на спортски комплекси на Карибите.
– Негираме дека нашата земја подмитила некого за да ја добие организацијата на Светското првенство. Парите што беа префрлени на сметка на ФИФА беа донација за изградба на стадиони и навистина не разбираме зошто тие сега пред јавноста се претставени како мито – изјави Мбалула.
Обвинителите од САД тврдат дека Јужна Африка платила 10 милиони долари на Ворнер и останатите членови на ФИФА за позитивни реакции околу организација на Мундијалот, а дали тоа е вистина или пак не, допрва ќе се утврдува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.