| четврток, 6 декември 2018 |

Презентација и дегустација на италијански вина и храна

храна

Вино, маслиново масло и прехранбени производи од девет италијански компании од сите региони во Италија, кои сè уште не се застапени на македонскиот пазар, ќе бидат претставени денеска во Скопје.

Промоцијата и дегустацијата на овие италијански производи ги организира Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија – ИЧЕ, а се одржува вторпат во рамки на ITALIAN FESTIVAL 2015.

Целта на иницијативата е да се остварат средби помеѓу италијанските производители и македонските увозници и дистрибутери на кои ќе се разгледаат можностите за понатамошна соработка.

На настанот ќе гостува и меѓународниот вински судија Ивана Симјановска, која ќе ги презентира италијанските вина и ќе одговара на прашања на присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top