| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Си-Ен-Ен“: Џорџ Буш е попопуларен од Барак Обама

bus obamaПоранешниот американски претседател Џорџ В. Буш моментално е попопуларен политичар од неговиот наследник Барак Обама, покажуваат анкетите на „Си-Ен-Ен“ објавени вчера.

Позитивно мислење за поранешниот претседател на САД, кој ја вршеше таа функција од 2001 до 2009 година, имаат 52 проценти од Американците, додека позитивно мислење за Обама имаат 49 проценти од анкетираните.

На Американците им требаше речиси цела деценија да почнат позитивно да размислуваат за поранешниот шеф на државата кој беше на чело на САД за време на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, по што почна две војни. Меѓу поранешните претседатели на САД, Американците имаат многу позитивно мислење за Џорџ Буш Постариот и за Бил Клинтон, за кои денес имаат позитивно мислење 64 проценти.

Позитивните мислења за овие два поранешни претседатели би можеле да имаат важна улога за исходот на изборите во 2016 година, во кои двете семејства би можеле да имаат претседателски кандидати – Хилари Клинтон е водечки кандидат кај демократите, додека Џеб Буш, син и брат на двајцата поранешни претседатели, би можел да биде кандидат кај републиканците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top