Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, вечерва се обрати во кампот на Чуварите на демократијата.
Тој говореше за владините проекти со посебен осврт за реформите насочени кон младите луѓе.
-АМС е можеби единствената институција во нашата држава која ги креира младинските политики и која прави сет на мерки и активности кои подоцна се преточуваат во проекти од кои директен бенефит имаат младите луѓе. Често велиме дека младите луѓе се иднината на нашето општество, но јас велам дека младите се сега и тука, тие се нашата сегашност и токму во таа насока се сите проекти и активности кои Владата на Република Македонија преводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе неколку години во континуитет ги реализира – рече Спасески.
Тој искажа голема благодарност до Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои во процесот на креирање на предизборната програма во 2014-та година не се штедеше и помогна со креирање на проектите.
-Само 100 дена по конституирањето на новата Влада ние имавме успешна реализација на преку 50 проценти од проектите кои ги ветивме во предизборната програма. Верувам дека сите од вас ги користите оние бенефиции особено во делот на проектот “слободен четврток“ со кој сите студенти во нашата земја имаат можност бесплатно да го користат јавниот транспорт на ЈСП и транспортот во другите градови. Бесплатно можат да се качат на жичарницата на Водно. Бесплатно во четврток учениците можат да го користат железничкиот сообраќај, рече Спасески.
Директорот на АМС говореше за низа други владини проекти насочени кон младите луѓе, а целото негово обраќање можете да го погледнете во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.