Интерпол идентификува над 4.000 странски борци, кои се приклучиле на џихадистички групи во зоните на конфликт, во најголем дел во Ирак и Сирија, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јурген Сток во Барселона.
Генералниот секретар на меѓународната полициска организација зборуваше на отворањето на меѓународниот собир на разни полициски тела кои соработуваат со Интерпол, со цел да се подобри соработката во борбата против тероризмот.
За борба против феноменот на странски борци Јурген Сток ги повика земјите подобро да разменуваат информации и меѓународните власти да го олеснат пристапот до информации.
– Иако информациите се повеќе се разменуваат преку границите, тоа е побавно отколку што на терористите им е потребно за регрутирање и влез во зоните на конфликт – истакна Сток.
Во извештај на ОН се наведува дека околу 25.000 странски борци од 100 земји се придружиле во редовите на вооружени групи, како што се ИД и Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.