| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Опозицијата е поддржувана од терористи, хомосексуалци и атеисти

ердоган
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека опозицијата е поддржана од терористи, хомосексуалци и атеисти, пренесува БТА.Тој, во предизборен говор во градот Бинѓол, југоисточна Турција, истакна дека опозицијата е поддржувана од терористичка организација која годинава уби обвинител. Ердоган наведе и дека опозицијата е поддржувана од медиумски групи кои имаат за цел да го соборат од власт.

– Ерменското лоби, хомосекусалците, Алевитите без Али, сите тие се претставници на антидржавна дејност- посочи Ердоган.

Алевитите се големо религиозно малцинство во Турција, чии припадници се противници на владејачката Партија на правдата и развојот, чиј основач е Ердоган.

Во согласност со турскиот Устав, претседателот на државата е надпартиска фигура и не би требало да учества во предизборна кампања. Но, Ердоган речиси секој ден држи говори во која ја напаѓа опозицијата и ја фали владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top