| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Народот повторно ќе го одбере ВМРО-ДПМНЕ

грујо

Премиерот Никола Груевски во изјава за Сител, а по вчерашната средба со еврокомесарот Јоханес Хан вели дека истата ја гледа како позитивен импулс.

-Не би додал ништо повеќе од она што вчера го кажа комесарот Хан во неговата изјава.Мислам дека е потребна максимална конструктивност без шпекулации, без лажни силења или ширења на лажни изјави. Да се продолжи и да се постигне она што е важно за државата и она што и е потребно на државата, стабилност и сигурност. Ги повикувам сите кои и сакаат добро на државата да се однесуваат позитивино и конструктивно- вели Груевски.

Во врска со договорот за одржување на предвремени парламентарни избори најдоцна до април идната година, премиерот вели дека нивната идеја била да се одржат редовни избори во 2018-та година по целосно истечен мандат.

-Хендикеп е во овој период што граѓаните не можат да видат како изгледа еден целосно завршен мандат на ВМРО-ДПМНЕ со сите завршени проекти и жалам што во овој период не успеавме и не ни беше овозможено во целост да го завршиме мандатот и да ги покажеме нашите перформанси и учинок пред граѓаните после четири години мандат. Ние сме свесни дека преку глава им е на граѓаните од предвремени избори и тие сакаат да видат целосно завршен мандат на оваа Влада и поретко избори – истакна Груевски во изјава за Сител.

Груевски сепак смета дека во оваа ситуација најдобро е да се стави крај на агонијата во која, како што вели, опозицијата ја внесе Македонија и дека неговата одлука е донесена врз основа на интересите на граѓаните за обезбедување на економски развој и реализација на ветените проекти.

-Но, ако тоа до 2018-та значи дополнителна агонија со ширење на омраза, со раскарување на граѓаните, со создавање неизвесност, страв меѓу луѓето, меѓу инвеститорите, бизнисот, компаниите оние кои отвораат нови рабитни места, тогаш за мене многу поважно е стабилноста на државата, стабилноста и сигурноста на граѓаните, стабилноста на бизнисот, сигурноста во отворањето на нови работни места. Не смееме да дозволиме тоа да запре. Со вчерашната наша реакција ние покажавме и сигурност со ставовите на граѓаните со правец на нашата поддршка, во поддршка на нашите политики, на нашите реформи, проекти кои ги ветуваме и реализираме, на зголемувањето на платите, пензиите, социјалната помош, отворањето на илјадници нови работни места како никогаш досега, привлекување нови компании и од земјата и од странство, поддршката на земјоделците, инвестициите во здравството во образованието и во сите други сфери. Вчерашниот наш чекор е покажување и сигурност дека ние веруваме и цврсто сме убедени дека граѓаните ќе ја одберат повторно оваа опција, а не опцијата на деструктивност на ширење на омраза, нема да ја одберат опцијата со која се сака да се нанесе штета на државата заради партиски или личен интерес на некого или некој да дојде на власт. Таа опција повторно ќе биде поразена – дециден е премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top