| четврток, 6 декември 2018 |

ИД може да стане глобална закана

Пратеникот на американскиот претседател Барак Обама, Џон Ален, кој е одговорен за коалицијата против групацијата Исламска држава изјави денеска дека проширувањето на групацијата ќе има глобално влијание.

 

На конференција во катарскиот главен град Доха, генералот Џон Ален изјави дека терористичката организација не е само проблем на Ирак или Сирија, туку регионален проблем со глобални последици.

Ален предудупреди дека доколку не бидат совладани исламистите од ИД тие може да го уништат прогресот постигнат досега од човештвото.

– Од големо значење е сите сили, кои се против ИД да бидат под контрола на ирачката Влада, изјави американскиот генерал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top