| четврток, 6 декември 2018 |

Четврти политичар убиен пред избори во Мексико

Мексикански кандидат за пратеник беше застрелан вчера во град во близина на Мексико Сити, со што стана четвртиот политичар убиен во Мексико неспоредно пред парламентарните избори, кои ќе се одржат в недела, пренесе МИА.

Мигел Анхел Луна, кој е поранешен градоначалник на гратче во Мексико бил нападнат од вооружени мажи во канцеларијата, која ја изнајмил за предизборните активности, се наведува во соопштението на неговата Партија за демократска револуција. Луна починал во болница кусо по нападот.

Од март тројца кандидат за градоначалници се убиени во јужните мексикански држави Мичоакан и Гереро, а вооружена групација упадна во понеделникот во седиштето на Изборната комисија во градот Тлапа и опожари над 116.000 гласачки ливчиња.

Радикалните групации и синдикатите во сферата на образованието ветија дека ќе го саботираат неделното гласање за Долниот дом на Конгресот, девет гувернерски позиции и неколку стотици градоначалнички функции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top