| четврток, 6 декември 2018 |

Условни казни за двајца демонстранти што ја признале вината

Двајцата демонстранти кои денеска ја признале вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност се ослободуваат од притвор. Тие добиле условна казна од три месеци затвор кои нема да се извршат доколку во период од една година не направат друго кривично дело.

Protesti bomba martin (5) (Custom)
За едниот од нив е одредена и дополнителна мерка, лекување од алкохолоизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување за терапија, а доколку се откаже од лекувањето, казната ќе се активира. Тој досега неуспешно се лекувал 62 пати од зависност од алкохол.
В петок ќе има сослушување за двајца демонстранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top