| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид во трка за Перо Антиќ!

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ по две години минати во НБА лигата во тимот на Атланта би можел ова лето повторно да се врати во Европа и тоа во една од двете најголеми екипи во Шпанија Барселона или Реал Мадрид.
Ова го обелодени спортскиот портал Екипа, која наведува дека тимот од „Блауграна“ сериозно размислува за рекострукција на составот за следната сезона.

За каталонскиот гигант пред 10 години настапуваше Владо Илиевски и повторно може да се случи да настапува Македонец во сино-црвениот дрес.
Договорот на Перо Антиќ со екипата на Атланта практично истече веднаш по завршувањето на плејофот во НБА лигата откако беа декласирани од Кливленд со 4-0, во серија во која Антиќ речиси и да не настапи.
Барселона е подготвена да понуди и подобри финансиски услови од Атланта, а во игра влезе и „кралскиот клуб“ Реал Мадрид кој истотака сака да го види Антиќ во своите редови.
Искуството кое го има македонскиот репрезентативец со двегодишно играње во најсилната лига и фактот дека е двоен освојувач на Евролигата со тимот на Олимпијакос покажува дека тој ќе биде на цена ова лето.

Со евентуалната преселба на Антиќ во Барселона, тој би бил вториот Македонец во овој клуб откако пред десет години, во период од 2003 до 2005 година во овој клуб настапуваше Владо Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top