Албанската полиција успешно ја финишираше акцијата „Патување 2“, разбивајќи група која шверцувала кокаин и марихуана, главно од Албанија во Грција, јави дописникот на МИА.
Во акцијата се уапсени десеттина членови на нарко групата, главно жители од околијата Корча, на возраст од 25 до 51 година, кои биле следени повеќе месеци.
Во акцијата се запленети два килограма кокаин, триесеттина килограми мархуана, пет автомобили, 17 мобилни телефони, 1.550 евра и 23.500 леки. Дел од дрогата била откриена во автомобил марка „бмв“, додека дел во домовите на двајца од уапсените. Уапсените ќе одговараат пред Судот за тешки кривични дела под обвинение за меѓународна трговија со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




