| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како воените авиони на Путин „ги плашат“ Американците

Руските воени авиони во неколку наврати ги пресретнуваат американските воени разурнувачи на Црно Море. Образложението од руска страна е дека американските бродови се однесуваат „агресивно и провоцираат“.

ruski

Пентагон пак тврди дека нивните бродови цело време се во меѓународните води и ги изведуваат вообичаените операции.

Американската морнарица во понеделникот објави снимка како руски борбен авион го надлетува нивниот УСС Рос на оддалеченост од само 500 метри.

Ова е само еден од низата инциденти помеѓу Русија и силите на НАТО. Минатиот месец Шведска „ги избрка“ руските авиони кои опасно се приближија до нејзините граници, пишува Би-Би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top